Германски Фуксе Берлин се враќа во Келн на Ф4 во лига на шампионите каде ќе се обиде во вториот обид да го освои трофејот, откако триумфираше со 35-33 против Веспрем, но после изведување пенали. На првиот дуел во Унгарија, славеше Веспрем со 35-34, но тоа не беше доволно да се пласираат на Ф4.
Лани Берлин во финалето загуби од Магдебург. реванш четвртфиналниот меч против Веспрем, заврши со резултат 31-30, по што се пристапи на изведување пенали. Дејан Милосављев одбрани два пенали, а во решавачката петта серија Матијас Гидсел погоди за радост на домаќните.
Имаа домашните предност од 17-11 во првото полувреме Германците, и напад за „плус 7“, но не го искористија тој напад. И тогаш тргнаа „работите наопаку“. Гостите намалија на 17-15, и потоа неизвесноста траеше до самиот крај.
Се играше „гол за гол“ во второто полувреме. Берлин успеваше да ја задржи предноста, но секогаш беше „еден – два гола“ предност.
Во 57 минута израмнува Веспрем на 29-29, прво израмнување на средбата. Ласе Андерсон погоди за ново водство на Берлин во 57 минута, 30-29.
Имаа гостите пенал, но Дескат не го реализираше пеналот чиј удар го одбрани дејан Милосављев.
На спротивната страна Берлин доби пенал, атој заврши во мрежата за водство 31-29, и имаа предност што ги водеше на Ф4 во Келн. На почетокот на последната минута тренерот Чави Пасквал побара тајмаут, и имаа напад кој мораа да го реализираат за да с епонадеваат барем на изведување пенали.
Хешам погоди за 31-30, и остануваа 20 секунди до крај, и сега Крикау мораше да бара тајмаут, за последниот напад кој можеше да им донесе пласман на Ф4 во Келн. Им требаше погодок, зашто со победа од еден гол, ќе се изведуваа пеналот.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























