Легендата стави крај: Седрик Сорендо ја заврши блескавата кариера!

Француската легенда Седрик Сорендо официјално стави крај на својата богата и трофејна кариера.

41-годишниот пивот, кој во последниот период настапуваше за турскиот Бешикташ, одлучи да се повлече од активното играње.

Сорендо зад себе остава импресивна кариера исполнета со врвни достигнувања. Со репрезентацијата на Франција освои олимписко злато, четири титули светски шампион (2009, 2011, 2015 и 2017), како и две европски круни (2010 и 2014).

На клупско ниво, најголем белег остави во редовите на Барселона, со која трипати ја освои Лигата на шампионите (2011, 2015 и 2021). Во текот на кариерата настапуваше и за ПСЖ, Тулуз и Динамо Букурешт.

Во моментот на пензионирањето, Сорендо важеше за најтрофејниот активен ракометар, статус што само ја потврдува неговата величина во спортот.