Истите четири екипи што и лани се бореа за трофејот во Лигата на Европа, ќе се борат и оваа сезона во Хамбург на 30 и 31 мај.
По Монпелје, кој го елиминира Вардар, на Ф4 се пласираа уште три германски екипи. Фленсбург го елиминира Хановер, а во „Барклејс Арена“ ќе се појават уште Мелсунген и Кил.
Мелсунген загуби кај Порто со 23-19, но триумфот од пет гола на првата средба беше доволен за место на Ф4.
Најинтересно беше во Кил, каде „зебрите“ кои бркаа негатива од три гола по првиот меч, славеа со 30-27, па мечот мораше да се решава на пенали. Претходно бундеслигашот водеше со шест гола, но тимот од Нашице успеа да се врати во игра и за малку не приреди сензација.
Во пенал серијата, по еден удар одбранија Волф и Де Варгас, а Кил ги погоди сите и на крајот прослави триумф со 34-29.
Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи в петок на 8 мај од 11:00 часот.

























