Хорват е минато за Кадетен, норвешкиот селектор се сели во Шафхаузен!

Норвешкиот стручњак Јонас Виле од следната сезона ќе биде нов тренер на Кадетен Шафхаузен, потврди клубот од Швајцарија. Тој потпиша договор на две години.

Виле на клупата ќе го наследи Хрвоје Хорват, кој реши да се врати во Хрватска од лични причини. Хорват зад себе остава успешен период, во кој го водеше тимот до титули во шампионатот и Купот на Швајцарија.

Норвежанецот нема да има двојна улога, бидејќи на 1 јули ќе се раздели со репрезентацијата на Норвешка, која ја предводи од 2022 година.

Во неговиот мандат, Норвешка го освои шестото место на Светско првенство 2023 и на Олимписки игри 2024, додека на европските првенства во 2024 и 2026 година заврши на деветтата позиција, а на Мундијалот 2025 беше десетта.

Со овој ангажман, Виле започнува нов клупски предизвик во кариерата, со амбиција да ги продолжи успесите на Шафхаузен и на европската сцена.