Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за претстојниот бараж двомеч со Словачка за пласман на СП 2027.
Лазаров ќе смета на 20 ракометари од кои ќе ги избере оние 16 што ќе имаат можност да настапат на натпреварите.
Големи промени нема, но изоставени се десниот бек Мартин Серафимов и пивотот Жарко Пешевски, како и голманот Иван Галевски и десното крило Никола Костески. Камбек на списокот има за десниот бек на Охрид, Томи Jaгуриновски, а повик доби и голманот на Вардар, Васил Гогов.
Македонија седум пати по ред игра на Мундијалите, а сега ќе се бори за своето осмо по ред, односно вкупно десетто учество на СП.
Собирот на националниот тим ќе биде в недела на 10 мај од 13:30 часот.
Првиот натпревар се игра во „Татран Арена“ во Прешов на 14 мај од 19:00 часот, додека реваншот е на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

























