Томовски блеска во Германија – го носи Битигхајм во елита!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните настапи во Германија.

Неговиот Битигхајм запиша нова убедлива победа, славејќи против Ајнтрахт Хаген со 37-30 на домашен терен.

Со овој триумф, тимот на Томовски има 51 бод на врвот на табелата и веќе во следното коло може да го потврди камбекот во елитната лига во Германија.

Томовски повторно беше еден од најзаслужните за успехот, минувајќи речиси целиот натпревар на голот и запишувајќи 11 одбрани, од кои два пенали.

Формата на Томовски може да го радува селекторот Кирил Лазаров пред бараж двомечот со Словачка за пласман на СП 2027.