Ако Охрид се пласира во финале – ќе патува во Унгариja по трофеј!

Tимот на Татабања е првиот финалист во ЕХФ Европскиот Куп, откако успеа да го елиминира составот на Извиѓач.

По триумфот на босанскиот тим на првата средба со 33-31, на реваншот унгарскиот тим славеше со 37-34 и се пласира во битката за трофеј.

Тимот каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески (еден гол) губеше со 15-11 во првиот дел, но успеа да се врати во игра, а со гол во последната секунда пред паузата стигна и до водство со 20-19.

Хендикеп за гостите беше црвениот картон во раната фаза на мечот на најдобриот играч Диано Ќешко поради остар старт над Страка.

На стартот на вториот дел домашните стигнаа до плус три, 22-19, но Извиѓач не се предаде и успеа да се врати во егал по 40 минути игра, 26-26. Сепак гостите немаа сили во последните неколку минути и домашниот тим обезбеди место во финале.

Утре ќе биде познат вториот финалист во ЕХФ Европскиот Куп, сите се надеваме дека тоа ке биде Охрид, а финалните натпревари се на програмата на 23/24 мај, односно 30/31 мај.