Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави скратениот список на ракометари за претстојниот бараж двомеч со Црна Гора за пласман на СП 2027.
На списокот го нема средниот бек на Вардар, Јака Малус, кој двапати по ред поради повреда не му се стави на располагање на Зорман, а го нема ниту левиот бек на Еурофарм Пелистер, Ник Хенигман.
Единствен од македонскиот шампионат кој ќе игра за националниот тим е средниот бек на битолчани, Домен Тајник.
Првиот меч меѓу Црна Гора и Словенија се игра на 14 мај во Подгорица, додека реваншот е на 17 мај во Копер.
Зорман на списокот го врати средниот бек Миха Зарабец, а камбек по пропуштеното ЕП ќе имаат Блаж Благотиншек и Нејц Цехте. Поради повреди отсутни се Митја Јанц и Матиц Грошељ.
View this post on Instagram
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























