Целје со пораз доаѓа во Охрид – загуби во драмата кај Тримо Требње!

Ривалот на Охрид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Целје, загуби во дербито на словенечкиот шампионат кај Тримо Требње со 39-38.

Во натпреварот кој беше решен во последните секунди, Целје губеше и со седум гола во вториот дел, но покажа карактер и успеа да се врати во егал во финишот, 38-38.

Стрелец на голот за реми беше Анџиќ, но домашните преку Котар успеаја да постигнат победнички погодок и да слават.

Целје славеше на првата меѓусебна средба со 36-34, двете екипи се израмнети со по 14 бодови, но ривалот на Охрид заврши на првото место во групата Б и ќе го избегне шампионот Слован Љубљана во полуфиналето.

Најдобри стрелци во составот на Целје беа Анжиќ со 15 погодоци и Млакар со шест гола, а избраниците на Клемен Лужар и покрај поразот, сигурно во добра атмосфера ќе допатуваат во Охрид бидејќи го избегнаа Слован во полуфиналето од плеј-офот за титулата во Словенија.

Мечот меѓу Охрид и Целје се игра в сабота на 2 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________