Фуксе Берлин по 12 години освои Куп пехар!

Фуксе Берлин го освои трофејот во Купот на Германија, откако триумфираше над Бергишер со 42-33 во третото финале во клупската историја и по вторпат го крена трофејот, првпат по 2014 година.

Очекуваното финале со Магдебург не се реализираше, откако претходно Бергишер не успеа да издржи во ритамот и да му парира на вториот „супер-тим“ во рок од помалку од 24 часа.

Тимот на „лисиците“ доминираше на теренот, а клучни улоги имаа Дејан Милосављев со 13 одбрани и Ласе Андерсон кој постигна десет голови.

Со оваа победа, Фуксе Берлин уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот врв на германскиот и европскиот ракомет.