Тимот на Вардар Неготино полесно од очекувањата славеше убедлив триумф на гостувањето кај Аеродром со 36-28.
Предводени од Ѓорѓи Орешков со 13 и Наќе Ѓорѓев со 11 гола, неготинци уште по првиот дел го најавија победникот.
Тогаш гостите водеа со 18-10, а второто полувреме го одработија рутински и ja oдржаа разликата во своја корист.
Кај домашните се истакнаа Давид Аврамовски со седум и Христијан Сибиновски, кој пет пати ја погоди гостинската мрежа.
На табелата, Вардар Неготино се наоѓа на чевртото место со 28 бодови, додека Аеродром останува на осмата позиција со 18.























