Потврденото заминување на Симон Питлик, неизвесноста околу неговата замена, хроничниот проблем со позицијата десен бек и честите тренерски турбуленции во Фленсбург можеле да станат минато со само еден потег.
„RTHandball“ пишува дека германскиот клуб е заинтересиран да ги доведе браќата Мартим и Франциско Кошта од Спортинг Лисабон во 2027 година, заедно со нивниот татко, Рикардо Кошта, кој во моментов е тренер на португалскиот тим.
Ова се надоврзува на претходните пишувања на словенечка „Екипа 24“ дека позицијата на Алеш Пајовиќ на клупата на Фленсбург не е сигурна во овој момент.
Браќата Кошта важат за едни од најперспективните ракометари во Европа, додека Рикардо Кошта веќе се докажа како стратег со јасна визија и модерен пристап.
Maртим и Франциско имаат активни договори до 2027 година, додека Рикардо ја продолжи соработката со Спортинг Лисабон до 2030 година. За десниот бек интерес има и од каталонскиот гигант Барселона, но понудата „три во едно“ може да ги насочи синовите и таткото кон Германија.


























