Грчевски со поширок список – 35 ракометарки се во комбинација за клучните битки за ЕП

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки пред решавачките средби за пласман на ЕП 2026.

Тоа се 35 ракометарки од кои Грчевски ќе ги избере оние што ќе играат на средбите со Германија и Словенија.

Нема никакви изненадувања и станува збор за истите ракометарки што беа во комбинација и за двобоите со Белгија во претходната ЕХФ недела.

Македонија практично го обезбеди третото место во групата, останува во игра за пласман на ЕП 2026, а повеќе детали за тоа прочитајте ТУКА.

Женската репрезентација ќе се собере на 6 април, на 8 април е пресметката со Гермманија во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот, додека на 12 април е дуелот со Словенија на гостински терен.