Митревски и Тодоровски ќе го судат „судирот на титаните“ во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски го добија дербито на оваа фаза меѓу унгарскиот Веспрем и францускиот ПСЖ.

Тие ќе го судат првиот „судирот на титаните“ што е закажан во Веспрем, а делегат ќе биде Марко Треспиди од Италија.

Првиот дуел меѓу Веспрем и ПСЖ ќе се игра на 1 април од 18:45 часот во „Оне Веспрем Арена“.