По некогашниот член на Металург, Вардар и Охрид, Стефан Додиќ, уште еден српски репрезентативец е во плановите на унгарскиот гигант Веспрем.
Станува збор за Лазар Кукиќ, чиј договор со ПИК Сегед завршува во 2027 година и според „RTHandball“ тогаш ќе се пресели во Веспрем.
Во Веспрем не се задоволни од изданијата на многу ракометари, па веројатно е ако не бидат исполнети целите за оваа сезона ќе има чистка.
Кукиќ е едно од имињата што се споменува како можни засилувања, а ова лето во Веспрем ќе дојдат Емил Нилсен, Бенце Имре и Лукас Јоргенсен.

























