Австрија и Македонија одиграа реми, 30-30, иако нашата репрезентација имаше четири гола предност во второто полувреме на пријателскиот натпревар во Брегенц.
Селекторот на Австрија, Икер Ромеро, вели дека е задоволен од пожртвуваноста и борбата на неговите момци во сите 60 минути.
„Комплименти за мојот тим за пожртвуваноста и борбеноста во сите 60 минути. Очајно сакавме да ја добиеме оваа средба и за тоа се подготвувавме, па затоа не сум 100% задоволен од ремито, но сигурен сум дека сме на вистинската патека. Задоволен сум од одбраната, момците одиграа добро. Но и Македонија пронаоѓаше решенија, иако имаа многу долги напади. Тоа што успеваа во пасивна игра, во последните додавања, да создадат шанси за гол, мора да го анализираме. Доколку победевме, ќе кажев дека неделата беше неверојатно добра. Сепак, момците работеа квалитетно и сакаме да продолжиме да напредуваме“, изјави Ромеро.
Австрија и Македонија се подготвуваат за третиот бараж за СП 2027 и ќе се соочат најверојатно со Полска и Словачка, кои ги добија првите средби со Летонија и Украина.
Кузмановски од пенал и донесе реми на Македонија против Австрија

























