Томовски одново двоцифрен – Битигхајм реди победи!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски запиша уште една одлична партија во Германија.

Во Втората Бундес лига, неговиот тим Битигхајм славеше против Ферндорф со убедливи 11 голови разлика, 39-28.

Томовски одново беше на ниво на задачата и успеа да одбрани 12 удари на противничките ракометари со 30% успешност.

Битигхајм сега има 40 бодови на првото место, а во следното коло Томовски и неговиот клуб ги чека гостување кај Есен.