ЅВЕЗДА НА 16. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – БИЛЈАНА ДАМЧЕВСКА (ЧАИР)

Ракометарката на Чаир, Билјана Дамчевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 16. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Вардар и беше меѓу клучните ракометарки за победата.

Дамчевска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 50% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 16. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Куманово, Марија Јанкуловска и Маријана Азеведо.