Еурофарм Пелистер ја скокна првата пречка до Ф4 во Купот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја скокнаа првата пречка во Купот на Македонија и славеа против Струга со 44-19.

Во полуфиналето од групата Г, битолчани со комбиниран состав немаа проблеми против стружани.

Одмор од тренерот Алушовски добија капитенот Кузмановски, Митревски, Тајник, Граховац…па поголема шанса за игра имаа Хекбарт, Хаџиќ, Петар Атанасијевиќ…

Во второто полуфинале од оваа група ќе се соочат Прилеп и Драчево Јуниор, а финалната битка е на програмата утре од 16:00 часот.

Куп на Македонија, мажи:

група А (Скопје, СЦ Јане Сандански)
7/3, 12:30, Бутел Скопје – Вардар
7/3, 14:30, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
финале, 7/3, 19:30

група Б (Скопје, спортска сала Автокоманда)
7/3, 13:30, Пролет – Македонија Ѓорче Петров
7/3, 11:00, Радовиш – Алкалоид
финале, 7/3, 19:30

група В (Охрид, СРЦ Билјанини извори)
6/3, 18:00, Тиквеш – Охрид
8/3, 13:00, Куманово – Младост Богданци
финале, 8/3, 18:00

група Г (Битола, спортска сала Боро Чурлевски)
Прилеп – Драчево Јуниор 41-34
Струга – Еурофарм Пелистер 19-44
финале, 6/3, 16:00, Еурофарм Пелистер – Прилеп