ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО OД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Прилеп, како и по еден од Охрид, Еурофарм Пелистер, Вардар, Куманово и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Супер лига, плеј-оф/аут 1. коло, резултати:

БУТЕЛ СКОПЈЕ – OХРИД 22-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-43 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 32-33 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 25-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ 21-23 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – СТРУГА 30-20 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ/АУТ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Никола Шипинкоски - десен бек - Прилеп
27.78%
Марко Трајков - голман - Пролет
22.22%
Никола Граховац - пивот - Еурофарм Пелистер
11.11%
Жоао Педро Да Силва - среден бек - Вардар
11.11%
Димитар Димитриоски - лево крило - Прилеп
11.11%
Дарко Ѓукиќ - десно крило - Охрид
8.33%
Тоше Ончев - лев бек - Куманово
8.33%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

Голман: Марко Трајков (Пролет) – Голманот на Пролет беше меѓу клучните фигури за триумфот во Битола.

Лево крило: Димитар Димитриоски (Прилеп) – Левото крило и најдобар стрелец во лигата даде 14 гола против радовишани.

Лев бек: Тоше Ончев (Куманово) – Беше меѓу најдбрите во победничкиот тим, а покрај седумте гола, подели и многу асистенции.

Среден бек: Жоао Педро Да Силва (Вардар) – Бразилскиот репрезентативец беше меѓу лидерите на Вардар во триумфот во Автокоманда.

Десен бек: Никола Шипинкоски (Прилеп) – Ги покажа своите квалитети против тимот на Радовиш и успеа да погоди шест пати.

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) – Десното крило беше меѓу најдобрите во победата кај Бутел Скопје.

Пивот: Никола Граховац (Еурофарм Пелистер) – Кружниот напаѓач на првиот меч во македонската Супер лига беше меѓу најдобрите во триумфот во Кавадарци.