Ќе има мекици во Битола – Дејан Манасков стана татко!

Еден од најдобрите македонски ракометари, Дејан Манасков, во иднина ќе ја има најважната животна улога – стана татко.

Неговата сопруга Билјана го донесе на свет нивното прво дете, синот што го доби името Давид.

Двајцата стапија во брак на 31 јануари, сега го добија најубавиот можен подарок, а веста на социјалните мрежи ја сподели кумашинката Тамара Тодевска.

Манасков игра во одлична форма во последно време, но не е дел од македонската репрезентација.