Српскиот репрезентативец Јовица Николиќ на крајот од оваа сезона ќе го заврши договорот со унгарскиот ПИК Сегед и ќе има нов клуб.
Тој ќе се пресели во хрватскиот првак Загреб со кој потпиша договор на две сезони и треба да остане најмалку до 2028 година.
Загреб беше во потрага по нов играч откако стана јасно дека Кларица ќе оди во Келце, па Николиќ е одлично решение за друштво на Сковребадзе.
Покрај Николиќ, уште еден играч од ПИК Сегед – Марин Јелиниќ, треба да дојде во Загреб, само прашање дали 2026 или 2027 година, а на тренерската клупа би требало да седне Хрвоје Хорват, кој има договор со Кадетен до 2027, па допрва ќе почнат преговори.
Претходно Загреб ја продолжи соработката со Филип Главаш, а потпиша договори со Златко Раужан и Диано Нерис Ќешко, како и словенечкиот голман Урх Кастелиц.

























