Шампионот се прошета низ Битола

Шампионот Ѓорче Петров славеше убедливо на гостувањето кај Пелистер со 22 гола разлика и прими само десет погодоци за цел меч, 32-10.

На полувремето беше 15-5 и беше јасно дека „лавиците“ ќе си заминат со двата бода од лесното гостување во Битола.

Шест гола за победничкиот тим даде Марија Јанкуловска, додека по пет пати погодуваа Емилијана Ризоска, Ангела Цветановска и Борјана Коцева.

Во составот на Пелистер стандардно се истакна Анастасија Тодоровска со четири погодоци.

Во следното коло битолчанки му гостуваат на Астибо, а шампионот Ѓорче Петров ќе игра дерби против Чаир.