Тимот на Чаир ја запиша втората победа во пролетниот дел од сезоната, откако славеше против Вардар со 33-27.
По 12 минути избраничките на Басри Љатифи поведоа со 7-1 и најавија дека ќе ги освојат бодовите. Во продолжение вардарки успеаја да стопат дел од негативата и намалија на минус три, но техничките грешки во финишот на првиот дел беа причина Чаир одново да се одлепи на шест гола предност, 17-11.
На стартот на вториот дел за пет минути чаирчанки дадоа четири гола за 21-11 и веќе немаше дилеми кој тим ќе ги освои двата бода.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамчевска со девет, како и Амар и Трајковиќ со по пет гола, додека кај Вардар се истакнаа Трифуновска со шест и Балоска со пет погодоци.
Во следното коло Чаир ќе игра на гости во дербито кај Ѓорче Петров, додека Вардар ќе го пречека Спартак.


























