ПИОНЕРИ: Почнува пролетниот дел – дербито во Скопје

Најмладите ракометари во системот на РФМ, родени 2010 и помлади викендов ги продолжуваат натпреварите од првенството во борба за едно о дпрвите четири места во групите, за продолжување во четвртфиналето. Дербито се игра во Скопје каде во салата во ОУ „Круме Кепески“ домашниот Вардар го пречекува тимот на Струга.

Гостите од Струга се втори на табелата во Група А со 13 бода, а Вардар кој е на 4. место со 10 бода, во есенскиот дел успеа да им земе бод на домашен терен. Соседското дерби се игра во Струга, каде екипата на ДИНГ го пречекува лидерот Охрид.

По 8 одиграни натпревари во есенскиот дел, единствено Охрид во Група А и Еурофарм Пелистер 2 во Група Б се без пораз.

Според пропозициите првите четири екипи од двете групи по регуларниот дел од сезоната продолжуваат во четврт-финале каде вкрстуваат со ривалите од другата група. Се игра по принципот А1 – Б4, А2 – Б3, А3 – Б2 и А4 – Б1. Актуелен пионерски шампион е тимот на Охрид.

Двојки за 10 коло:
Група А
САБОТА, 28.02.
Бутел – Пролет 11 ч.
ДИНГ – Охрид 14,45
НЕДЕЛА, 01.03.
Вардар – Струга 12 ч.
Мулти Есенс – Прилеп 14 ч.

Табела:

ГРУПА Б
САБОТА, 28.02.
Гемиџии – Куманово 12,30 ч.
Тиквеш – Радовиш 16 ч.
Младост – Еурофарм Пелистер 2 12.
НЕДЕЛА, 01.03.
Шампион – Македонија ЃП 13 ч.

Табела: