Последниот круг во одбраната на титулата актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го почна трумфално, на гости во Кавадарци, победувајќи го Тиквеш со 43-24 (21-14). Откако испадна од трката за место во осминафиналето на ЛШ, сега битолчани се фрлаат на картата на првенството и купот.
Ова беше 17. победа на битолчани во дуелите со Тиквеш во Супер лигата, во исто толку меѓусебни средби. Останува Тиквеш да се бори за 5. место на табелата, а Еурофарм Пелистер привремено ја намали разликата меѓу нив и лидерот Вардар
Му дозволија битолчани на домаќинот да постигне 14 гола во првото полувреме, а потоа го „збриша“ во следните 30 минути. Гостите доминираа и постигнаа 22 а Тиквеш даде само девет гола.
Немаше дилеми околу победникот, туку единствено со колкава разлика ќе заврши средбата.
Кај побендичкиот тим 6 гола даде Манасков, а по 5 постигнаа Хакбарт, Кузмановски и Петар и Павле Атанасијевиќ. Во екипата на Тиквеш, шест гола даде Мијушковиќ.
Во следното коло Еурофарм Пелистер е домаќин на Вардар во Битола, а Тиквеш е домаќин на Бутел.

























