Европската ракометна федерација ги потврди термините за четвртфиналниот двобој меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос од ЕХФ Европскиот Куп.
Првата средба ќе се игра вo Атина на 29 март со почеток во 16:00 часот, додека реваншот ќе се одигра во Македонија.
Охрид го закажа за 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а се очекува салата да биде претесна за сите љубители на ракометот.
Победникот од двомечот меѓу Охрид и Олимпијакос, ќе се соочи со победникот од двобојот меѓу Целје и Бузау во полуфиналето.

























