Тимот на Драчево Јуниор ги комплетираше учесниците во ТОП 16 фазата од Купот на Македонија.
Избраниците на Велимир Настески немаа поголеми проблеми и прославија триумф против Кичево со 41-30 во последниот натпревар од елиминациите.
Од претходно уште три прволигашки екипи – Младост Богданци, „витамините“ од Автокоманда и Македонија Ѓорче Петров, но и пет суперлигаши – Струга, Радовиш, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 и Куманово се пласираа во групите.
Таму чекаат седум екипи кои го скокна елиминациското коло и ќе бидат во првиот и вториот шешир пред ждрепката во понеделник.
Најпрво ќе се влече екипата, па следува ждрепка во која група ќе се падне и кој реден број ќе го има, а полуфиналните двојки во групите ќе се формираат по стандардниот принцип 1-4, 2-3.
Победниците од двете двојки во групата, ќе играат меѓусебе за пласман на Ф4 во Купот.
Куп на Македонија, мажи, групна фаза:
шешир 1: Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид
шешир 2: Бутел Скопје, Тиквеш, Пролет, Прилеп
шешир 3: Куманово, Радовиш, Струга, Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: Мулти Есенс, Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Драчево Јуниор

























