Денеска со мечот во салата „Јасмин“ во Кавадарци меѓу Тиквеш и шампионот Еурофарм Пелистер ќе стартува разигрувањето за титулата во македонската Супер лига.
Пелистерци по неполни 72 часа од мечот со ГОГ Гудме во Лигата на шампионите, ќе се соочат со кавадарчани, кои имаат изменет ростер за пролетниот дел од сезоната.
Традицијата е против кавадарчани, битолчани имаат само победи против нив и се одличен ривал за старт и за загревање пред дерби средбите со конкурентите за титулата.
Пелистерци го имаат новото засилување Никола Граховац со кој се зголеми ротацијата на линијата од шест метри, додека Тиквеш ја има основата на тимот од есента, но нема долга клупа.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер ќе почне од 19:00 часот во салата „Јасмин“.
На европските терени, свои настапи со клубовите би требало да имаат македонските интернационалци Михајло Младеновиќ, Ива Младеновска и Андреј Петковски.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЗАГЛЕБЈЕ – ПУЛАВИ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПАРИЗ – БЕЗАНСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 КАЕН – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)


























