Бутел Скопје ја продолжи убавата традиција и во осмата сезона во Супер лигата обезбеди место во разигрувањето за титулата.
Левото крило Дамјан Субашевски е меѓу најдобрите поединци во составот на Горан Кузманоски и поранешниот младински репрезентативец има се поважна улога во тимот.
Тој ги сподели очекувањата пред гостувањето на Охрид кај Бутел Скопје.
„Со млада македонска екипа стигнавме до плеј-офот со што ја исполнивме целта и остваривме голем успех. Одиме понатаму да се надигруваме со сите и да стигнеме до петтото место кое е наша следна цел“, вели Субашевски.
Прв ривал ќе биде амбициозниот Охрид, кој доаѓа по европскиот успех.
„Ваквите натпревари се големо искуство посебно за нас младите. Охрид доаѓа како фаворит на овој натпревар со силен состав од странски и македонски играчи. Но ние сме мотивирани и играме дома ќе пробаме да го изненадиме противникот и да се покажеме во најдобро светло“, заврши Субашевски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид се игра утре во салата „Антон Димитров“ со почеток од 17:00 часот.

























