Савревски: Знаеме што да очекуваме од Бутел Скопје, а знаеме и како до нови бодови

Охрид успешно го заврши европскиот двомеч со Дукла Прага, но и регуларниот дел од сезоната со гостински триумф кај Пролет, а сега почнува најважниот дел за „гладијаторите“.

Прв предизвик за момците на Борис Ројевиќ во битката за титулата ќе биде гостувањето кај Бутел Скопје, а десниот бек Давид Савревски ги сподели очекувањата од оваа пресметка.

„Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел Скопје. Неодамна одигравме натпревар со нив и знаеме што не очекува. Секој натпревар во плеј-оф значи многу, подготвени сме со цврста одбрана и паметна игра во нападот да стигнеме до нови бодови“, изјави Савревски.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид се игра утре од 17:00 часот во салата „Антон Димитров“.