Вилијам Акамбре и официјално започнува нова етапа во кариерата, откако реши да се пресели во САД и да го облече дресот на Лос Анџелес. По последната сезона во Саран, искусниот француски репрезентативец се реши за нов предизвик и кариерата ќе ја продолжи на американскиот западен брег. Американците сакаат пред Олимпијадата во 2028 година да го зголемат интересот за ракометот, а тоа го прават со привлекување на ѕвезди кои се пред залезот на кариерата или ракометни пензионери, но познати и со големо искуство зад себе.
Акамбре е олимписки шампион со Франција од 2012 година, а во текот на кариерата настапуваше за неколку силни клубови и остави длабока трага на највисоко ниво.
Иако има 37 години, левиот бек очигледно нема намера да стави крај на играчките денови. Напротив, преселбата во Лос Анџелес доаѓа како обид за нов импулс и поинакво искуство по долгите години минати во европскиот врв, меѓу другото и во Монпелје и ПСЖ.
Во Лос Анџелес ќе го дочека добро познато лице, бидејќи таму повторно ќе игра заедно со својот поранешен соиграч од Монпелје, Микаел Робен. За клубот од Калифорнија, ангажманот на Акамбре претставува јасна порака дека амбициите растат. Станува збор за тим што сè уште се гради, но со вакво име во составот добива дополнителна тежина, искуство и меѓународен кредибилитет.
Покрај Монпелје и ПСЖ, Акамбрај во кариерата настапуваше и за Веспрем и Мешков Брест, па неговото доаѓање во американскиот ракометен шампионат без дилема ќе привлече големо внимание.

























