Куп на Македонија: Драмата во Гостивар ја доби Радовиш, во ТОП 16 одат Струга, Куманово, Младост…

Познати се осум екипи што се пласираа во групната фаза на Купот на Македонија, откако ги добија дуелите од елиминациското коло.

Суперлигашите Струга, Еурофарм Пелистер 2, Куманово и Прилеп лесно се справија со своите ривали, додека најинтересно беше на пресметката во Гостивар, каде Јехона имаше шанса да се избори за реми со Радовиш, но гостите се спасија во финишот, иако прокоцкаа висока предност.

Билет за ТОП 16 обезбедија и прволигашите Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци и „витамините“ од Автокоманда.

Во групната фаза веќе се пласирани екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш, Охрид, Пролет и „сино-белите“ од Автокоманда.

Последниот дуел од оваа рунда ќе се одигра денеска, а Драчево Јуниор е голем фаворит против Кичево и се очекува да се пласира во ТОП 16.

Куп на Македонија, елиминациско коло:

Струга – Аеродром 34-27
Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2 11-46
Македонија Ѓорче Петров – Преспа 38-26
Шампион – Куманово 18-46
Прилеп – Партизан Гевгелија 40-24
Текстилец – Младост Богданци 22-36
Јехона – Радовиш 36-37
Мулти Есенс – Вардар Неготино 46-24
26/02, 20:00, Кичево – Драчево Јуниор (Кисела Вода)