Ракометарите на Охрид денеска го играат реванш натпреварот против Дукла Прага од ЕХФ Европскиот Куп.
Охриѓани имаат плус девет по првиот меч во СРЦ „Билјанини Извори“, кога беше 30-21, предност што треба да биде доволна за прогрес.
Тренерот Борис Ројевиќ направи две промени во ростерот – на местото на повредениот Николаос Лиапис и на Владимир Бојаниќ ќе бидат левото крило Никола Ристески и левиот бек Дејан Кукуловски.
Во составот на Дукла Прага ќе недостига најдобриот стрелец Јозеф Јонас, кој има скинати лигаменти.
Натпреварот меѓу Дукла Прага и Охрид се игра во СЦ „Репи“ со почеток од 18:00 часот, а не е предвиден ТВ пренос.



























