Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за елиминациското коло од Купот на Македонија.
Според рангирањето од минатата сезона, 18 екипи што ќе играат во оваа фаза беа поделени во два шешири.
Победниците од овие девет двојки ќе им се придружат на оние седум што го скокнаа елиминациското коло и се пласираа во групната фаза.
Таму се веќе екипите на Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Тиквеш, Пролет и „сино-белите“ од Автокоманда.
Натпреварите од елиминациското коло се закажани за 25/26 февруари, од групната фаза се закажани за 7/8 март, додека завршниот турнир ќе се игра во април.
Куп на Македонија, мажи, елиминациско коло:
Мулти Есенс – Вардар Неготино
Струга – Аеродром
Шампион – Куманово
Македонија Ѓорче Петров – Преспа
Прилеп – Партизан Гевгелија
Текстилец – Младост Богданци
Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2
Кичево – Драчево Јуниор
Јехона – Радовиш

























