Магдебург „падна“ – прв пораз сезонава на гостувањето кај Кил

Во најсилната ракометна лига на светот веќе нема непоразени, и Магдебург во 21 коло мораше да му честита на ривалот, овојпат на Кил кој со 31-29 триумфираше во дербито на Бундеслигата. Повеќе од две години Магдебург нема победа над Кил, а нивниот прв дуел сезонава заврши со реми, 26-26.

Иако загуби Магдебург, остануваат лидерби со 38 бода,четири повеќе во однос на Фуксе Берлин кој има и меч повеќе. Кил со новите два бода се вмешува во Топ-4 на табелата со 32 бода, исто колку и Лемго на делба на четвртото место.

Домаќините го имаа расположениот Перез де Варгас кој имаше 14 одбрани, а Лукас Цербе постигна 9 гола. Гостите имаа предност од 12-10 на полувреме, но се држеа само до резултат 16-16. Потоа Кил водеше до самиот крај, и неколкупати имаше и предност од „плус 4“.