Ракометарите на Тиквеш денеска играат еден од најзначајните натпревари оваа сезона во Супер лигата.
Избраниците на Кристијан Грчевски ги очекува пресметка со Куманово, и доколку слават ќе се „чекираат“ во разигрувањето за титулата.
Тиквеш има 20 бодови на делба на петтото место со Бутел Скопје, додека шанса од позадина чекаат Еурофарм Пелистер 2 со 19 и Прилеп со 18. Тиквеш и Бутел Скопје сами решаваат за своите судбини и имаат по два меча за играње, додека битолчани и прилепчани покрај тоа што ќе треба да ги добијат останатите (уште по еден меч), ќе чекаат киксови и на ривалите.
Покрај мечот од Супер машката лига, на македонските терени ќе бидат активни и прволигашите во машка и женска конкуренција.
Во Супер женската лига се игра еден натпревар, а засилениот Вардар ќе биде на тест кај Астибо во Штип.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ТИКВЕШ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
12:00 АСТИБО – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ШАМПИОН – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЈЕХОНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
18:00 КИЧЕВО – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

























