Тимот на Вардар по петте засилувања од Металург Автокоманда – пет репрезентативки во сите категории, донесе уште четири млади ракометарки од истиот тим.
Станува збор за ракометарки што ќе играат во младинските категории на „црвено-црниот“ тим – пионерки, кадетки и младинки.
Нови членки на Вардар се двете голманки – Ева Ончева (2009) и Сандра Милосковска (2011), како и двете ракометарки што играат на пивотменската позиција – Матеа Спасовска (2010) и Лина Петровски (2011).
Со овој потег Вардар ја продолжува мисијата да го собира најдоброто од младинските категории во клубот и да создава идни репрезентативки на Македонија.
























