Радовиш се поднови со среден бек

Тимот на Радовиш, кој ќе го води битки за опстанок се поднови со нов ракометар на средната бековска позиција.

Станува збор за Илија Димов, кој доаѓа од Овче Поле во суперлигашот и ќе се обиде да му помогне на клубот.

Димов потекнува од Борец Велес, играше за Драчево и Вардар Неготино, пред да се пресели во Свети Николе.

Радовишани во паузата меѓу двете полусезони останаа без Сиљанов, Табаков, Ацев, Каковски…

Во 19 коло од Супер лигата, Радовиш ќе гостува кај Тиквеш в сабота во салата „Јасмин“ од 18:00 часот.