Даниел Душебаев ги следи стапките на Алекс – и тој оди во Бундес лигата!

Иако беше поврзуван со трансфер во хрватскиот првак Загреб, сепак помладиот од браќата Душебаеви најверојатно ќе се пресели во Бундес лигата.

Според полските медиуми, Даниел Душебаев е на добар пат да го засили тимот на Мелсунген, кој е предводен од Роберто Гарсија Парондо.

Даниел исто како и Алекс, по седум сезони ќе се раздели со полскиот Келце, каде тренер е нивниот татко Талант.

Алекс беше поврзуван со Вардар и Кил, но според „Билд“ е на добар пат да потпише со Гумерсбах до 2029 година.