Левото крило Христи Бикоски ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата и ќе заигра во странство.
Прилепчанецот потпиша за тимот на Макаби Димона, кој се бори за влез во елитната конкуренција вв Израел.
Макаби Димона по 11 одиграни кола има осум победи, едно реми и два порази, па со 17 бодови е на третото место зад Кирјат Моцкин и Хапоел Арад.
Левото крило замина минатото лето од Прилеп во прволигашот Вардар Неготино, но таму одигра полусезона и се раздели со клубот.
Покрај за матичниот клуб, Бикоски во Македонија играше уште за тимовите на Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода.

























