Некогашниот член на Вардар, Алекс Душебаев, по осум сезони заминува од Келце и ќе има нов предизвик во кариерата.
Иако беше поврзуван со Вардар и Кил, сепак шпанскиот репрезентативец најверојатно ќе заигра за тимот на Гумерсбах.
33-Годишниот Душебаев, според пишувањата на „RTHandball“ е на чекор до потпис со клубот што е предводен од легендарниот Гудјон Валур Сигурдсон.
Неговиот брат Даниел исто така заминува од полскиот вицепрвак, а тој е поврзуван со трансфер во хрватскиот шампион Загреб.

























