Данска ја запиша втората голема победа во главната фаза од Европското првенство, откако во Хернинг ја совлада Шпанија со 36-31, а натпреварот имаше и силна емотивна димензија.
Веднаш по последниот судиски свиреж, еден од данските репрезентативци, Емил Берголт, брзаше да замине од салата, но причината не беше повреда или незадоволство од играта. Напротив, стануваше збор за момент кој ќе го памети до крајот на животот.
Берголт со часови го очекувал раѓањето на своето второ дете, но и покрај неизвесноста, остана со тимот и го одигра целиот натпревар против Шпанија. Притоа постигна и два погодоци, давајќи свој придонес во важниот триумф на Данска.
Селекторот на Данска, Николaj Јакобсен, по натпреварот потврди дека сè поминало во најдобар ред.
„Сè е во ред, сите се добро. Емил доцна синоќа ми испрати порака дека станал татко“, изјави Јакобсен.
Иако во главната фаза не пренесе ниту еден бод, Данска со победите над Франција и Шпанија остана во игра за пласман во полуфиналето. По овие резултати, Данците имаат четири бодa, додека лидер во групата 1 е Германија со шест бодa.
Камерите на данската телевизија ТВ2 го уловија моментот кога Берголт по мечот итно заминува кон болницата за да биде со сопругата, а видеото кое може да ги видите ТУКА набрзина стана вирално.

























