ДЕНЕСКА НА ЕП: Се разгорува борбата за полуфинале во Малме, Хрватска по нов триумф

Главната рунда на Европското првенство продолжува денеска во „Малме Арена“, а програмата носи три клучни натпревари во групата 2 кои можат целосно да ја променат сликата во борбата за полуфинале.

🇸🇪 Шведска е единствената селекција со максимален учинок и четири бода, додека 🇮🇸 Исланд, 🇸🇮 Словенија и 🇭🇷 Хрватска имаат по два. На дното се 🇭🇺 Унгарија и 🇨🇭 Швајцарија, кои бодовите ги поделија во меѓусебниот дуел и сега мораат да бркаат победа.

🇸🇮 СЛОВЕНИЈА 🆚 🇭🇺 УНГАРИЈА
🕞 15:30 часот

Дуелот меѓу Словенија и Унгарија носи огромен влог, особено за словенечката репрезентација која по поразот од Шведска нема право на нов кикс ако сака да остане во трката за полуфинале.

Словенците одиграа одлично прво полувреме против домаќинот, но паднаа во продолжението, додека Унгарија се спаси со драматично реми против Швајцарија. Двата тима играат брз и модерен ракомет, а централната фигура кај Словенија е Домен Макуц, трет стрелец на првенството.

Посебна емоција ќе има и Борут Мачковшек, кој настапува во унгарскиот ПИК Сегед и ќе игра против своите клупски соиграчи.

„Унгарија е цврст тим што многу игра со пивотот и со брзи контри. Мораме да бидеме подобри во транзицијата и да играме паметно во напад“, вели Урош Зорман.

„Словенија има силна одбрана и брза игра. Ќе биде тежок, но и многу убав натпревар“, вели десниот бек Мате Оноди Јаношкути.

🇮🇸 ИСЛАНД 🆚 🇸🇪 ШВЕДСКА
🕕 18:00 часот

Едно од најголемите скандинавски ривалства денеска го има централниот термин. Исланд е под притисок по минималниот пораз од Хрватска, додека Шведска влегува како апсолутен фаворит по убедливата победа над Словенија.

Швеѓаните имаат еден од најдобрите напади на турнирот. Исланд одамна нема победа над Шведска на голем турнир, но токму ваквите натпревари знаат да донесат изненадувања.

„Играме против тим што може да ја освои титулата. Немаме време за жалење, мораме да бидеме подготвени“, вели селекторот на Исланд, Снори Гудјонсон.

„Се почитуваме, но кога ќе почне мечот, тоа е војна. Двата тима ќе дадат 150 проценти од своите можности“, изјави голманот на Шведска, Андреас Паличка.

🇨🇭 ШВАЈЦАРИЈА 🆚 🇭🇷 ХРВАТСКА
🕣 20:30 часот

Во последниот меч од денот, Швајцарија ќе се обиде да го искористи психолошкиот момент по освоениот прв бод во историјата на главната рунда, но пред себе ќе ја има секогаш незгодната Хрватска.

Хрватите со победа над Исланд ја отворија главната фаза и сега сакаат да направат голем чекор кон полуфиналето. Швајцарците, пак, ќе се потпрат на расположениот голман Никола Портнер, еден од најдобрите на турнирот.

„Хрватска има силна одбрана и опасни контри. Ќе биде голем предизвик за нас“, вели голманот Никола Портнер.

„На ова првенство ништо не е лесно. Мораме да влеземе силно и фокусирано“, истакна хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон.