Франција им се врати на победите со нов рекорд – демолирана Португалија!

По поразот од Данска, европскиот шампион Франција им се врати на победите и се врати во битка за полуфиналето на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако беше совладана Португалија со убедливи 46-38.

Мечот беше решен уште по првите петнаесетина минути кога европскиот првак поведе со 5-1, па 10-4, а промашуваа браќата Кошта. Французите дадоа 20 гола од 20 удари пред првпат да одбранат португалските голмани.

Беше и 20-10, Переира кога виде дека немаат шанси неговите избраници на овој меч, ја смени поставата, па до крајот уште кратко играа браќата Кошта, кои се чини дека ги стигна уморот.

На паузата беше 28-15, а вториот дел беше само формално одработување на задачата од двете селекции. Болзанже и Дебоне имаа десет одбрани, а меѓу стрелците Мем со осум и Фабрегас со шест беа најдобри. Кај Португалија петмина ракометари дадоа по пет гола – Бранкињо, Брандао, Салвадор, Фраде и Итуриза.

Французите беа дел од новиот рекорд на Европските првенства по број на постигнати голови на еден натпревар – 84 и го срушија претходниот на Црна Гора и Словенија – 81. Претходно срушија уште еден рекорд со најмногу постигнати голови во првото полувреме – вкупно 28.

Сега Французите имаат четири бода на врвот, исто колку Германија, но „панцирите“ имаат меч помалку со Норвешка, а може да им се придружи Данска ако ја совлада Шпанија.