Тимот на Куманово за пролетниот дел од сезоната најверојатно нема да смета на уште еден од странските ракометари, дознава 24Ракомет.
Десниот бек од Бразил, Габриел Гуедеш Черубим заминува од Македонија и ќе се пресели во составот на Драма од Грција.
Тој се уште тренира со Куманово, а наскоро би требало да замине во јужниот сосед на Македонија.
Черубим дојде лани во Македонија, го носеше дресот на Борец ФЛ, но не остави посебен впечаток.
Претходно Куманово, кој ќе се бори за опстанок во македонската елитна конкуренција, се раздели со Огњен Радојичиќ, Христијан Михајловски и Стефан Лазаревски, а се засили со Олег Јорданов.
























