Унгарија со голем камбек – од минус седум до реми со Швајцарија!

Селекците на Швајцарија и Унгарија одиграа реми, 29-29, во драматичен натпревар. Со ремито, двете селекции практично се елиминираа од битките за полуфиналето на Европското првенство, иако остануваат уште три меча од главната рунда. Во последните три минути немаше ниту еден гол на двете страни, па и Швајцарија и Унгарија мораа да се задоволат со по еден бод.

Како што одминуваше времето во првиот дел, така Швајцарија предводена од голманот Портнер градеше предност и на паузата имаше високи шест гола залиха, кои ќе се покаже подоцна беа малку за да биде остварен триумф.

Швајцарците водеа и со седум разлика, 24-17, слично како на пресметката со Словенија на ЕП, но и оној дуел со Македонија пред ЕП, но на крајот не успеаја да ја материјализираат таа предност со победа.

Огромниот пад во играта кон средината на вториот дел беше доволен за Унгарија не само да израмни, туку и да поведе на овој меч со 29-28. Паласич беше сигурен на унгарскиот гол, Фазекаш врза неколку голови и набрзина се вратија момците на Родригез во мечот.

Особено драматични беа последните три минути, во кои немаше ниту еден погодок на двете страни. Шмид побара тајм-аут, Бен Ромдан израмни на 29-29 и потоа ниту една од селекциите не успеа да искористи ниту еден од трите напади што ги имаат за победнички гол.

Портнер имаше 11 одбрани на швајцарскиот гол, додека Рубин беше најдобар стрелец со седум погодоци. Во унгарскиот состав се истакна Паласич на голот со 14 интервенции, а Рошта даде пет гола.