Познат пласманот од 13 до 24 место на ЕП

Веќе се игра главната рунда на Европското првенство, а по завршувањето на групната фаза, познат е конечниот пласман на репрезентациите кои веќе се вратија дома.

Македонија заврши на 14 место со еден пораз од Данска, едно реми со Португалија и една победа над Романија, додека Србија заврши на 19 место, а Црна Гора на претпоследното.

Селекциите од 13 до 16 место обезбедија место во првиот шешир за претстојниот бараж за СП 2027, оние на 17 и 18 место ќе бидат во вториот, додека најслабите од 19 до 24 место ќе играат два баражи за Мундијалот.

Конечен пласман на ЕП 2026, 13-24 место:

13.Фарски Острови
14.Македонија
15.Холандија
16.Австрија
17.Чешка
18.Италија
19.Србија
20.Грузија
21.Полска
22.Романија
23.Црна Гора
24.Украина