Хрватска ќе стартува без бодови во главната рунда на Европското првенство, а утре ќе го има првиот предизвик во ТОП 12.
Ривал ќе биде селекцијата на Исланд, државата од која доаѓа хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон, кој пак одлично ги познава неговите сонародници.
„Едноставно игравме лошо и тоа ме иритира. Кога ќе примиш гол во последната секунда – тоа боли. Но кога играш лошо цел натпревар, тогаш тоа навистина нервира“, изјави Сигурдсон за исландскиот „Висир“.
Хрватите не успеаја досега да го пронајдат посакуваниот ритам, а проблемите се повторуваат.
„Не го најдовме ритамот. Одигравме два натпревари против Германија и не бевме добри. Не е тајна дека не играме како минатата година“, призна Сигурдсон, кој токму минатата година на патот до сребрениот медал го елиминираше и својот Исланд.
И покрај емоциите и блиските врски, селекторот јасно стави до знаење дека на теренот нема сентименталност.
„Секогаш е исто и секогаш е забавно. Имам многу пријатели во хотелот и секогаш се насмевнувам кога ќе ги видам. Но утре сум само Хрват и ќе дадам сè од себе“, порача Сигурдсон.

























