Продолжува ракометниот маратон на МТВ – преноси од сите натпревари до крајот на ЕП!

Македонската телевизија продолжува со преносите од натпреварите од Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Сите натпревари до крајот на континенталниот собир ќе имате можност да ги следите на програмите на МТВ (на првиот и третиот канал).

Денеска се стартува со три преноси од главната рунда што се игра во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, а утре ќе има три преноси од дуелите во „Малме Арена“ во Малме.

За првпат во историјата на преносите од големите натпреварувања, националниот сервис имаше свое студио во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, а тоа го имаа само скандинавските ТВ. Покрај ова дел од ракометарите и селекторот на Македонија беа „телепортирани“ во студиото во Скопје.

Вкупно 21 пренос беа реализирани од групната фаза, додека од главната рунда ќе бидат пренесувани сите 24 натпревари, а потоа и петте од финалниот викенд во Хернинг.

Распоред на преноси на МТВ1/МТВ3

22.01.2026

15:30 МТВ1 Германија – Португалија/Драган Николовски
17:25 МТВ1 Емисија ракомет Скопје/Бранко Илиевски
18:00 МТВ1 Шпанија – Норвешка/Зоран Видевски
20:30 МТВ1 Франција – Данска/Зоран Видевски

23.01.2026

15:30 МТВ1 Исланд – Хрватска/Драган Николовски
17:25 МТВ1 Емисија ракомет Скопје/Бранко Илиевски
18:00 МТВ1 Швајцарија – Унгарија/Зоран Видевски
20:30 МТВ1 Словенија – Шведска/Зоран Видевски

24.01.2026

15:30 МТВ1 Франција – Португалија/Зоран Видевски
17:25 МТВ1 Емисија ракомет Скопје/Бранко Илиевски
18:00 МТВ1 Шпанија – Данска/Драган Николовски
20:30 МТВ1 Германија – Норвешка/Зоран Видевски

25.01.2026

15:30 МТВ1 Словенија – Унгарија/Бранко Илиевски
17:25 МТВ1 Емисија ракомет Скопје/Дамјан Николовски
18:00 МТВ1 Исланд – Шведска/Зоран Видевски
20:30 МТВ1 Швајцарија – Хрватска/Драган Николовски

*програмата од 26 јануари до 1 февруари ќе биде позната в недела